40-годишен маж загина во сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Вчера во 08.10 часот на автопатот Скопје-Тетово, спроти селото Буковиќ, патничко моторно возило марка „БМВ Х5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (40) од Тетово, излетало од коловозот и удрило во заштитната жичана ограда, при што А.Д. починал на самото место, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.