25 години независна и суверена Република Македонија

Сподели со своите пријатели

Пред 25 години Македонија стана независна и суверена држава која го напушти големото социјалистички друштво на Југославија кога на 8 септември 1991 година по пат на референдум граѓаните одлучија да станат самостојни.

По затворањето на избирачките места, граѓаните спонтано се собирале на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. каде Македонското радио организирала свеченост насловена Глас за Македонија со настап на стотина естрадни ѕвезди. Меѓу настапите на уметниците пред насобраните граѓани се читале извештаите кои општинските изборни одбори ги доставуваа до Републичката комисија за спроведување на референдумот.

Идниот прв претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, се обратил кон македонскиот народ со историскиот говор:

Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија.

dekalracija_za_nezavisnost2На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле “за” самостојна и суверена Македонија.

На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.

 

Loading...