18-годишник ќе одговара за убиство, а седум други момчиња за учество во тепачка

Сподели со своите пријатели

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Е. (18), Џ.С. (18), еден 16-годишник, сите од село Шишево, 16-годишник од с. Сарај, 13-годишник од Скопје, 14-годишник од село Грчец и 13-годишник од селото Сарај поради постоење основи на сомнение дека А.Е. извршил кривично дело „убиство“, а другите пријавени извршиле кривично дело „учество во тепачка“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 15.04.2017 година околу 15.00 часот пред браната-Долна Матка настанала меѓусебна вербална расправија помеѓу А.Е., Џ.С. и 16 -годишникот од селото Шишево од една страна и останатите пријавени од друга страна. По кусо време расправијата прераснала во тепачка во која А.Е. со нож му нанел еден убод во пределот на градите на 17-годишник од Сарај од кој починал на местото на настанот, додека на неговиот брат со нож му нанел површинска расекотина во пределот на градите.

Од страна на Судија на претходна постапка на А.Е. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на другите пријавени им е изречена мерка претпазливост.