150.000 денари за миење на возилата на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово распиша оглас до Бирото за јавни набавки за доставување понуди од компании за перење и миење на возилата сопственост на локалната самоуправа.

Крајниот рок на кој фирмите можат да се јават на тендерот и да достават најниска понуда е 20. март, а предвидени средства од Опшина Куманово се во износ од 150.000 денари без вклучен ДДВ.

Leave a Reply