Зошто јаболкото е важно за човештвото? Адам и Ева, гравитацијата и Епл

Сподели со своите пријатели

Ако размислиме подобро, јаболкото се протега од библиски приказни до симболите на еден од најпознатите производители на компјутери и телефони во светот.

Loading...

Ниту едно друго овошје не му „помогнало“ на Њутн со идејата за гравитација.

Од здравствен аспект, јаболката не се важни само за душата туку и за телото, па експертите препорачуваат редовно да се земаат поради бројните здравствени придобивки.

– Навистина важи правилото со едно јаболко на ден, докторот е надвор од домот – вели докторката Јелена Дивчиќ за Би – Би – Си на српски.

 

 

Каде пораснало првото јаболко?

Loading...

Науката не може со сигурност да каже во која област израснала првата јаболкница, но трагите водат до Кина и Централна Азија, пишува магазинот Nature, а пренесува BBC Србија.

Генетската анализа на култивираните видови јаболка покажува дека тие потекнуваат од ридските предели на Казахстан.

Низ ридовите и долините, спакувано во стебла носени на грбот на камили и магариња, јаболкото пристигнало во европските земји преку Патот на свилата преку Азија.

Денеска кај нас се одгледуваат десетици сорти на јаболка, а на овие краишта постојат толку долго што за многумина има балкански имиња.

 

 

Како јаболкото пристигна во христијанскиот рај

Loading...

Веќе стотици години, според христијанската традиција, се проповеда приказната за Адам и Ева кои биле протерани затоа што јаделе забрането овошје по наговор од змијата.

Оваа сцена од Библијата повремено може да се види на олтарите на православните цркви – Адам и Ева стојат под корите на дрвјата и берат јаболка.

Меѓутоа, Библијата во оригиналот не прецизира дека се работи за јаболка, туку наведува дека тие „го вкусиле плодот на Дрвото на спознанието за доброто и злото и со тоа ја прекршиле Божјата заповед“.

 

 

Постои можност јаболкото да влегло во библиската приказна пред само нешто повеќе од 350 години и да се здобило со статус на забрането овошје, по вина на англиски поет, пишува NPR.

Во поемата Изгубениот рај, Џон Милтон, творец од 17 век, ја драматизира библиската приказна и најмногу зборува за „плодот“.

Loading...

Меѓутоа, во 10.000 стихови, зборот јаболко се споменува дури двапати – по грешка или намерно, тешко е да се каже неколку стотици години подоцна.

Во ликовната уметност, јаболката уште порано се вклучила во приказната за Адам и Ева.

 

 

Околу 100 години пред поемата на Милтон, венецијанскиот сликар Тицијан ги претставил Адам и Ева како јадат јаболка.

Loading...

Но, има и други толкувања – Микеланџело насликал смоква во Сикстинската капела, додека германскиот уметник Алберт Дирер ја покажал првата библиска двојка како јаде јаболка под крошна од смокви лисја.

Јаболка кои ја обликувале историјата

Според една позната легенда, едно јаболко одиграло историска улога во развојот на науката на крајот на 17 век.

Англискиот физичар Исак Њутн, човек на кој светот му должи објаснување зошто предметите не лебдат, туку паѓаат на земја, наводно дошол до идеја за постоење на гравитација гледајќи јаболко како паѓа од дрво.

 

Loading...

 

Кога видел како јаболкото се откачило од дрвото и паднало директно надолу, Њутн се запрашал зошто паднало токму така, а не на страна или нагоре.

Еден вид ода на откритието на Њутн денес е јаболкото кое свети на лаптопите и на телефоните – логото на американскиот производител Apple.

Дизајниран е од Роналд Вејн во 1976 година, а сакале да покажат овошно дрво кое инспирирало важно научно откритие, откако дошло време да се повлече оригиналното лого на компанијата – Исак Њутн.

Loading...

Логото содржи и алузија на библиска приказна – јаболкото е каснато.