Знамињата на половина копје – дводневна жалост во Македонија

Сподели со своите пријатели

Денешниот и утрешниот ден во Македонија се прогласени за денови за жалост. Оваа одлука ја донесе Владата на Република Македонија  на вчерашната вонредна седница, по повод  5-тте  жртви на македонските безбденосни сили во акцијата против вооружената банда во Куманово.

Loading...

Поради тоа се откажуваат сите културно забавни манифестации и знамињата во Македонија ќе бидат симнати на половина копје.

Петнаесеттото издание на „Скопски маратон 2015 исто така е откажано. Ова, доцна синоќа во соопштение го објавио рганизаторот Сојуз на спортови на град Скопје,  на официјалната веб страна на манифестацијата.

Еве го целото соопштение:

„Почитувани маратонци, полумаратонци, љубители на спортот, посетители на манифестацијата, соработници, спонзори, партнери, волонтери и сите останати заинтересирани за нашата манифестација. Сојузот на спортови на Скопје, како официјален организатор на Виз Ер Скопскиот Маратон, при завршувањето на финалните активности за денешниот маратон, доби телефонска информација од Град Скопје и МВР дека денешната манифестација Виз Ер Скопски Маратон 2015 поради ново настанатата – безбедносна ситуација во државата се ОТКАЖУВА. Би сакале јавно како организатори да ве информираме дека ги чекаме писмените дописи од официјалните институции кои ја донесоа оваа одлука, со информација за откажувањето на Виз Ер Скопски Маратон 2015 година, кои веднаш по добивањето официјално ќе ги споделиме со јавноста и медиумите’’, Сојуз на спортови на Скопје.

Во меѓувреме, корисниците на социјалните мрежи пак, веќе објавуваат црни фотографии во знак на солидарност за трите загинати лица.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *