Значително послаба жетва на пченка и сончоглед во Украина

Сподели со своите пријатели

Жетвата на пченка во Украина годинава ќе биде помала за една четвртина, а значително ќе се намали и жетвата на сончогледот, објави Агенцијата на Европската унија за следење на земјоделските ресурси.

Loading...

Приносот на пченка ќе изнесува 32 милиони тони и ќе биде за 24 отсто помалку од минатата година и пет отсто помалку од петгодишниот просек, објави во понеделникот МАРС.

Сончогледот ќе се намали за 15 отсто, на 13,9 милиони тони. Во однос на петгодишниот просек ќе биде помал за два отсто.

Украина е еден од најголемите извозници на сончоглед во светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

„Поради руската војна против Украина, површините под пченка и сончоглед се намалени. Затоа нашите прогнози за производството на двете култури се под петгодишниот просек и покрај добрите изгледи за принос“, истакнуваат од МАРС.

Околу четири проценти од површините под пченка, десет проценти од површината со сончоглед и седум проценти од производството на соја се наоѓаат во области погодени од војната, додаваат тие.

Заврши жетвата на зимските култури, потсетуваат оттаму и додаваат дека уделот на производството на мека пченица во подрачјата погодени од војната е 22 отсто, на јачменот 20 отсто, а на семето од репка 13 отсто.

Аналитичарите се обидуваат да пресметаат колку жито Украина, еден од најголемите светски добавувачи, ќе жнее и извезува оваа година додека војната против Русија продолжува.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Европската агенција составува проценки врз основа на податоците од украинското Министерство за земјоделство, со исклучок на оние во воените зони Доњецк, Керсон, Луганск и Запорожје, кои се базираат на податоци од претходните години, се наведува во соопштението за печатот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.