Злато, сребро и бронза за кик-боксерите од „Куманово 2006“ и „Предатор“ (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Низа златни, сребрени и бронзени медали донесоа кик-боксерите на двата кумановски клуба „Куманово 2006“ и „Предатор“ од Државното кик-бокс првенство што викендов се одржа во Скопје.

Loading...

 

 

Лука Велковски од клубот „Куманово 2006“ освои златен медал во сениорска конкуренција дисциплина лоу кик во категорија до +81 килограм, додека со сребро се закити Јован Димовски во категорија до 84 килограми. Свој настап имаа и кадетите Јосиф Илиевски и Мако Велковски.

 

 

Loading...

– Сите натпреварувачи прикажаа добри борби и достојно го претставија градот и клубот. Јас како тренер сум задоволен од настапите и резултатите од сите за нивната мотивираност и храброст. Ќе продолжиме со тренинзите, нѐ очекуваат многу натпреварувања оваа година на домашен и меѓународен план и се надеваме на добри резултати, изјави тренерот на КБК „Куманово 2006“ Сашо Илиевски.

 

 

Повеќе учесници од кик-бокс клубот „Предатор“ донесоа и повеќе медали во градот. Со злато се закини Симона Денковиќ во јуонирска категорија до 70 килограми.

Сребро во јуниорска конкуренција во категорија -63 килограми освои Предраг Николовски, а Луна Димитриевска во категоријата до -65 килограми. Со сребрен медал се врати и Леон Трифуновски кој се натпреваруваше како постар кадет во категоријата -52 килограми.

Како постар кадет Адриано Вучевски освои бронзен медал во категоријата -63 килограми, Ангел Димковски како помлад кадет со бронза се закини Ангел Димковски во категоријата -37 килограми, додека Давид Илиевски бронза освои во јуниорска конкуренција во категоријата -69 килограми.

 

Loading...

 

Без медал, но со одличен настап беа и Блашко Денковиќ и Вељко Стошевски.

Како што појаснуваат од клубот освен за Предраг Николовски кој се врати со сребро, на сите останати ова им е прво учество на Државното првенство.

Инаку Државното кик бокс првенство се одржа во организација на кик-бокс федерацијата на Македонија и учество зедоа над 400 натпреварувачи од целата држава.

Никола Ивановски