Живковска, Граматова и Нолевска ги продолжија договорите со ЖРК Куманово

Сподели со своите пријатели

Јована Живковска, Наташа Нолевска и Пена Граматова и следната сезона ќе го носат дресот на Женскиот ракометен клуб Куманово.

Loading...

Трите ракометарки потпишаа нови договори со кои ќе го продолжат својот ангажман во тимот на вицешампионот.

Јована Живковска игра на позицијата лево крило и потекнува од школата на ЖРК Куманово.

Репрезентативката на Македонија, десното крило Наташа Нолевска претходно има настапувано за Вардар, но и за Виборг од Данска.

Поранешната кадетска и младинска репрезентативка на Македонија, левото крило, велешанката, Пена Граматова претходно има играно во дресот на Металург.

Клубот претходно ја официјализираше и соработката со Драгана Ристова која ќе биде тренер во претстојната сезона.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тротинети, обувки, облека, алат... Што се е запленето на Табановце изминатата недела?

Никола Ивановски