Драгана Ристова нов тренер на ЖРК Куманово

Сподели со своите пријатели

Драгана Ристова ќе го предводи тимот на Женскиот ракометен клуб Куманово претстојната сезона.

Loading...

Ристова е поранешна репрезентативка на Македонија. Има настапувано во РК Скопје, РК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Будуќност Подгорица (клуб со кој го има освоено Купот на победниците на куповите).

Играчката кариера ја заврши во ЖРК Вардар, каде што подоцна ја започна тренерската работа.

Изминатите неколку сезони успешно го водеше првиот тим на ЖРК Вардар.

Ристова е носител на мастер тренерска лиценца.

Со Ристова во стручниот штаб уште ќе бидат Сашо Божиновски – тренер на голмани, Славиша Димитријески – помошен тренер и Воја Ангеловски како физиотерапевт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Никола Ивановски