Жител на Свети Николе приведен во Куманово со прашкаста материја

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен светиниколчанец бил приведен вчеравечер во Куманово откако полицијата му пронашла прашкаста материја.

Loading...

– На 07.06.2023 во 21.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Г.(31) од Свети Николе затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Липково до 15 часот?