Жител на Алжир украл возило на кумановец

Сподели со своите пријатели

Кумановец останал без своето патничко возило, откако жител на Алжир, најверојатно мигрант, му го украл возилото.

Loading...

– На 11.05.2020 во 18.00 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица, во село Саса лишен е од слобода О.Н.(24) од Алжир, затоа што одзел патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Возилото во СВР Куманово истиот ден било пријавено за одземено.

О.Н. е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка, а одземеното возило е вратено на сопственикот.

Никола Ивановски

Leave a Reply