Жените предупредуваат: Кога ќе ни го кажете ова посакуваме да ве оставиме во истиот момент

Сподели со своите пријатели

Секој кој е во врска веројатно ќе се сложи дека одредени работи кои партнерот ќе ги направи може да бидат излудувачки.

Затоа не е премногу изненадувачки што една жена одлучила да ја открие фразата која нејзиниот маж ја користи и поради којга би го напуштила од бесот.

Таа својата мака ја споделила со жените на сајтот „Мумснет“, а голем дел од нив се сложиле дека е во прашање една од најлошите работи кои мажот може да и ги каже на својата жена.

Судејќи по многу жени, најлошата фраза која мажот во врска или брак може да ја изговори е: „Ако сакаш да направам нешто, зошто тоа едноставно не ми го кажеш“.

Во основа, таа фраза кај жените порачува дека мажот не сака да преземе никаква иницијатива за да нешто испланира или направи.

– Таа фраза само покажува дека морам со се да се занимавам и дека тој не сака да мрдне со прст се додека нешто не делегирам. Зошто јас секогаш мора да бидам таа која постојано рамзислува за работи кои е потребно тој да ги направи, пушува таа.

Голем број од жените се сложиле со нејзината теорија и сметаат дека мажите би требало дел од одговорноста да преземат на себе и да направат нешто без потреба жената да им каже што точно.

– Знам дека сум среќа затоа што мојот маж ќе направи тоа што ќе му кажам, за разлика од многу други, но ме нервира затоа што никогаш не се помера од грбот, додава таа.

Дали се сложувате со нејзиното тврдење или постојат уште некои фрази кои мажите ги изговараат, а не се свесни дека тоа ве доведува до лудило?