Жена загина во сообраќајка на патот кон Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Вчера во 10,30 часот на магистралниот пат А-2 во Крива Паланка, во близина на м.в. „Осички мост“, се случила сообраќајна незгода во која Б.В. (53) од Крива Паланка, управувајќи патничко возило „Сеат Кордоба“ со кривопаланечки регистарски ознаки, удрил во пешакот С.В.(87) од Крива Паланка, која починала на самото место на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лекар од Јавната здравствена установа Крива Паланка констатирал смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Крива Паланка.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција.