10 литри дожд вчера во Куманово, нестабилно и денеска

Сподели со своите пријатели

Десет литри дожд на метар квадратен наврнале вчера на територијата на кумановско, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во вечерните часови бран од грмежи проследен од повремено пороен дожд се премести кон север и зад северната граница.

Преку ноќта особено во северозападните и северните делови имаше нестабилна облачност со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

Утринава во северозападните и северните делови има развој на нестабилност со повремено пороен дожд.

Денеска времето низ Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи.

Особено попладне и локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе достигне од 16 до 23 степени.

 

Loading...

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе достигне 19 степени целзиусови.

И за денеска за регионот на Куманово од страна на УХМР се издадени два жолти метео аларми за опасност од дожд и грмежи.

 

 

Стабилизација на временската состојба се очекува од утре.

Loading...

Никола Ивановски