Жена паднала во голема замка: Се допишувала со војник со месеци, а потоа открила се!

Сподели со своите пријатели

Самохраната мајка Џули Прајс (35) неодамна го споделила со британските медиуми горкото искуство со кое се соочила кога му верувала на човек од социјалните мрежи, кој всушност лажел со месеци, со цел да извлече пари од неа.

Loading...

 

 

Жената ги продала својот автомобил, ТВ и вереничкиот прстен на нејзината баба, сè со цел да плати за летовите на нејзиниот виртуелен љубовник, кого сакала да го запознае. Му испратила повеќе од 5.000 фунти, а на крајот се покажало дека човекот од нејзините соништа е најчестиот измамник кој користел фотографии од американскиот авијатичар Џонатан Рамос.

Џули се допишувала со него повеќе од 12 месеци преку „Вацап“, а тој целосно го презел идентитетот на споменатиот војник, а исто така се претставил како Џонатан. Таа редовно му испраќала картички за подароци од „Амазон“ и „АјТјунс“, за кои тврдел дека се неопходни за пристап до Интернет од воената база во Авганистан.

Се срамам од тоа, но полудев по странец. Верував дека тој е личноста од фотографиите, дека е војник и дека се бори за својата земја. Кога сега ќе размислам, се чувствувам глупаво, но тогаш бев надвор од долга врска, татко ми почина пет месеци пред тоа. Тој знаеше дека сум ранлива и така ме измами “, рече Британката.

 

Loading...

 

Таа вели дека излегла во јавноста со целата приказна за да ги предупреди другите жени.

„Не сакам другите жени да изгубат сè што изгубив јас, затоа што се вмешале со измамници како него“, додаде таа.

Џули, која има две деца на возраст од 11 и 4 години, вели дека овој странец започнал да и испраќа пораки на новогодишната ноќ 2018 година. Со текот на времето, тој почнал да кажува дека ја сака и секогаш имал изговори зошто не можеле да се слушнат преку видео повици. Тој исто така започнал да и бара картичка за подароци и одредени помали суми пари, а на крајот ја замолил да му испрати 1.000 фунти за да може да дојде во Велика Британија да ја запознае.

Таа собрала пари продавајќи го својот накит, прстенот на нејзината баба, а исто така го продала својот автомобил за 400 фунти. Но, кога отишла на аеродромот во јуни 2019 година да го пречека – никој не се појавил.

„Дури следниот ден ми испрати порака во која тврди дека командантот го спречил да дојде. Тој исто така ми рече дека ќе му требаат повеќе пари и јас му поверував“, вели Џули.

 

Loading...

 

Во октомври 2019 година, таа конечно и раскажала сè на нејзината мајка Мери, која и ги отворила очите и рекла дека е измамена.

Подоцна, Џули пронашла видео на Фејсбук група која разоткрива разни измамници на Интернет, во која вистинскиот Џонатан Рамос објаснил дека неговите слики биле украдени од официјалната страница на Инстаграм, каде што го следат над 90 илјади луѓе.

Вооружена со тие докази, Џули го контактирала своето „момче“ на Интернет и се соочила со неговите лаги.

“Мислам дека тој беше од Африка и глумеше американски акцент. Тој само ми спушти слушалка. Сакам да им помогнам на жените да го избегнат тоа што јас го поминав. Луѓето често мислат дека само постарите жени паѓаат во овие стапици, но еве ме 35 години и директно влетав во една “, заклучи Прајс.

 

Loading...

Leave a Reply