Земјотрес во Романија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија во раните утрински часови во понеделникот.

Loading...

Земјотресот е лоциран на длабочина од 10 километри, а е регистриран на 11 километри западно од градот Таргу Џиу, кој се наоѓа недалеку од границата со Србија и на околу 200 километри од Белград.

Земјотресот бил пријавен од голем број корисници на апликацијата Earthquake Network во радиус од 50 километри.

Прелиминарната магнитуда била меѓу 3,8 и 4,4 степени, а најновите податоци се 4,3.