Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди централна Јапонија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер денеска е регистриран во планинската област на префектурата Нагано во централна Јапонија, јави јапонската јавна телевизија NHK.

Земјотресот го погоди градот Омачи во северниот дел на Нагано околу 13:20 часот. (04:20 по средноевропско време).

Според јапонската метеоролошка агенција, земјотресот достигнал интензитет од „горни 5“ на јапонската скала од 1 до 7, што значи дека тресењето било доволно силно да го отежне движењето без поддршка.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.

Агенцијата наведува дека нема опасност од цунами, пренесува Танјуг.