Земјите од Г7 го забрануваат увозот на руски дијаманти

Сподели со своите пријатели

Групата седум (Г7) објави директна забрана за увоз на руски дијаманти почнувајќи од 1 јануари, по што ќе следи ограничување на индиректниот увоз на скапоцени камења од 1 март, беше објавено по онлајн самитот на Г7.

Loading...

„До 1 јануари ќе воведеме ограничувања за увоз на неиндустриски дијаманти, ископани, преработени или произведени во Русија, по што од 1 март ќе следуваат дополнителни постепено ограничувања на увозот на руски дијаманти преработени во трети земји“, се вели во соопштението.

Земјите увозници на дијаманти Г7, како што е најавено, ќе воспостават механизам за сертификација на груби дијаманти, пренесува Независне новине.

Забраната за увоз на необработени дијаманти со кои се тргува во земјите од Г7 ќе стапи на сила од 1 септември.

Во соопштението се истакнува дека забраната ги исклучува дијамантите за индустриска употреба.

Дијамантите се еден од ретките преостанати големи руски извозни производи кои не биле цел на координирани западни санкции наметнати како одговор на специјалната воена операција во Украина.