Земјата од денеска има осум милијарди жители

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации објавија публикација во која се наведува дека светската популација на овој ден ќе достигне осум милијарди луѓе.

Loading...

Светската популација продолжува да расте, но темпото на раст се намалува, според ОН.

Најновите прогнози на светската организација покажуваат дека глобалното население би можело да порасне на околу 8,5 милијарди во 2030 година, на 9,7 милијарди во 2050 година и на 10,4 милијарди во 2100 година.

ОН известуваат дека во 2020 година, глобалната стапка на раст на населението ќе падне под еден процент годишно, за прв пат од 1950 година.

Се предвидува дека населението ќе достигне врв на околу 10,4 милијарди луѓе во 2080-тите и ќе остане на тоа ниво до 2100 година.

Како што се наведува во публикацијата, растот на населението делумно е предизвикан од падот на стапката на смртност, што се одразува на зголеменото ниво на живородени деца.

На глобално ниво, очекуваниот животен век достигна 72,8 години во 2019 година, што е зголемување за речиси девет години од 1990 година.

Се предвидува натамошно намалување на смртноста да доведе до просечен животен век од околу 77,2 години на глобално ниво во 2050 година.

Loading...

По падот на смртноста, растот на населението продолжува се додека плодноста останува висока. Кога плодноста почнува да опаѓа, годишната стапка на раст почнува да опаѓа.

Според ОН, во 2021 година просечната плодност на светската популација била 2,3 раѓања.

Во просек, една жена во текот на својот живот раѓа две деца, додека во 1950 година жените имале во просек по пет раѓања.