Зеленски: Украина знае што планира непријателот и како да одговори на тоа

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина „знае што планира непријателот и како да одговори на тоа“.

Loading...

– Денеска ги добив извештаите на разузнавачките служби – началникот на Главната разузнавачка управа (ГУР) Кирил Буданов и началникот на Службата за надворешно разузнавање Александар Литвиненко. Им благодарам на двете наши структури и на сите што работат во нив, пред се, за тоа што Украина знае и ќе знае што планира непријателот и како правилно и силно да одговори на тоа. И на копно и на Црно Море – рече Зеленски во вечерашното видео обраќање.

Како што објави Укринформ, претходно Службата за државна безбедност објави дека Русија има акумулирано 870 проектили, од кои 115 ракети со висока прецизност се произведени во октомври.

Зеленски се заблагодари и на украинската армија, која, како што наведе, се бори во најтешките области на фронтот, за нивната издржливост.

– Авдиевка, Маринка, насока Бахмут, правец Лиман, Купјанск, Запорожје, Херсон… Тешко е во секоја од овие насоки. Но, им благодарам на сите што се упорни. Благодарност до сите што не губат сила и позиции. Им благодарам на сите команданти кои се грижат за војниците. До сите борбени лекари кои спасуваат животи – нагласи тој.

Во текот на денот имало 50 борбени судири меѓу силите на Украина и руските војници, наведува украинската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.