Зеленски: Украина ќе им претстави „план за победа“ на своите сојузници следната недела

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина на своите сојузници ќе им го претстави Планот за победа во војната на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк следната недела.

Loading...

Тој истакна дека во текот на денот имал средби во различни формати за да го подготви украинскиот победнички план, пренесува Танјуг.

„Конкретно, на средбите се разговараше за фактичката имплементација на сите точки од овој план. Воена содржина, политичка, дипломатска, економска… А чекорите неопходни за Украина се веќе утврдени, апсолутно јасно. Што може да ни ја даде најсилната можна позиција за постигнување праведен мир“, рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува Укринформ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новиот генерален секретар на НАТО во Украина – прва официјална посета од преземањето на функцијата

Тој објасни дека за секој чекор има прецизна листа – што точно е потребно, што точно ќе се направи за да се зајакне позицијата на Украина.

„И заедно, овој пакет може да обезбеди правилен развој на ситуацијата не само за Украина, туку и за сите во светот кои го ценат меѓународното право. Планот за победа е подготвен повеќе од 90 проценти. Украина ќе им го претстави на своите сојузници следната недела“, нагласи нејзиниот претседател.

Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Сергеј Лешченко, претходно изјави дека дозволата за ракетни напади со долг дострел на руска територија е важен дел од украинскиот „план за победа“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новиот генерален секретар на НАТО во Украина – прва официјална посета од преземањето на функцијата

Ова се однесува на руските аеродроми, воените бази и магацини.

Според Лешченко, за време на Генералното собрание на ОН на 25 септември е планирана средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден.

Loading...

Генералната дебата во Генералното собрание на ОН започнува на 24 септември. Обраќањето на Џо Бајден е закажано за тој ден, а украинскиот претседател ќе зборува следниот ден, на 25 септември.