Зеленски: Укинете ги визите за руските убијци

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот уште еднаш ги повика членките на Европската унија да ги забранат визите за руските граѓани, со цел блокот да не стане „супермаркет“ достапен за секој што има средства да влезе.

Loading...

Зеленски истакна дека неговиот предлог не се однесува на Русите на кои им е потребна помош затоа што ја ризикувале својата слобода или живот со отпорот на политиката на лидерот на Кремљ Владимир Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Директорот на нуклеарката Запорожје не се враќа на работа

„Тие треба да живеат во свој свет“

– Мора да има гаранции дека руските убијци или соучесниците во државниот терор не користат шенген визи – рече Зеленски во ноќното обраќање, мислејќи на визите кои му овозможуваат на сопственикот пристап до Шенген зоната, која вклучува неколку земји од ЕУ.

– Второ, не смееме да ја уништиме самата идеја за Европа – нашите заеднички европски вредности. Затоа, Европа не смее да се претвори во супермаркет во кој не е важно кој влегува и каде главно е луѓето само да си ја плаќаат робата – рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајмс: Путин наредил движење на нуклеарниот воен воз до линијата на фронтот во Украина

Зеленски прво повика на забрана за визи во неговото интервју за Вашингтон пост оваа недела, велејќи дека Русите треба да живеат во свој свет додека не ја променат својата филозофија.

Допрва треба да добиеме поддршка

Апелот на Зеленски допрва треба да ја добие поддршката од главните играчи во ЕУ. Но, како што рече, бил охрабрен од поддршката на балтичките земји и Чешка, која во моментов претседава со ЕУ. Финска исто така ја поддржа идејата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Западот се плаши од руското нуклеарно оружје, а тоа го предизвикува Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно оваа недела го осуди апелот на Зеленски, велејќи дека „секој обид да се изолираат Русите или Русија е процес кој нема перспектива“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...