Зеленски: Темнината нема да не спречи да му нанесеме нови порази на окупаторот

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила украински дрон над воената база Енгелс кај Саратов и дека три лица загинале при падот на остатоците.

Loading...

Украинците на почетокот на декември со беспилотни летала нападнаа и две воени бази кај Саратов, што беше голем удар за угледот на руската противвоздушна одбрана. Руските стратешки бомбардери Тупољев ќе полетаат од тој воен аеродром и ќе истрелаат крстаречки ракети кон украинската енергетска мрежа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди на опасност од нови руски ракетни напади.

– Знам дека темнината нема да не спречи да му нанесеме нови порази на окупаторот. Но, мора да бидеме подготвени за секое сценарио. Затоа, ве молиме да обрнете внимание на воздушните предупредувања овие денови, рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.