Зеленски: Руските сили извршија речиси 400 артилериски напади

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили вчера извршиле речиси 400 артилериски напади во источните региони на Украина.

Loading...

„Најжестоките борби, како и досега, се водат во регионот на Доњецк. Иако денеска имаше помалку напади поради влошувањето на временските услови, обемот на руското гранатирање за жал се уште е исклучително висок“, рече Зеленски, пренесе Ројтерс.

Зеленски во редовното видео обраќање истакна дека украинската армија полека напредува на територијата на регионот Луганск.

Украинскиот претседател рече дека силите под контрола на Киев „доследно и многу пресметано го уништуваат потенцијалот на окупаторот“ на југот на земјата, но не наведе детали.

Украина во саботата објави дека околу 60 руски војници биле убиени во артилериски напад на југот на земјата, додава Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.