Зеленски: Русите губат стотици војници дневно во Доњецк

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во своето ноќно видео обраќање, интензивните борби во источниот регион на Доњецк ги нарече „епицентар на најголемото лудило на окупаторите“.

Loading...

„Тие умираат по стотици, секој ден. Тлото на линијата на фронтот пред украинските сили е буквално покриено со телата на окупаторите“, рече Зеленски.

Тогаш Зеленски, говорејќи на руски, рече дека дел од руските војници во областа Павливка се пожалиле на големи загуби на гувернерот на рускиот регион Приморски крај, кој се наоѓа на крајниот исток на Русија.

Што вели рускиот гувернер?

Украинскиот претседател вели дека рускиот гувернер Олег Кожемјако рекол дека „загубите не се толку големи“.

Кожемјако во вчерашната објава на апликацијата Телеграм објави:

„Контактиравме со командантите на маринците на фронтот. Тоа се момците кои се во битка од почетокот на операцијата“.

Рускиот гувернер тврди дека командантите му рекле дека „жестоко напаѓаат“ и дека „загуби има, но не се многу големи“.

Гувернерот тврди дека командантот му рекол дека загубите на војниците испратени во Украина од Приморски крај биле „значително преценети“.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.