Зеленски: Повративме над 1.000 квадратни километри окупирана територија

Сподели со своите пријатели

„Освоивме повеќе од 1.000 квадратни километри територија“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

„Нашите херои веќе ослободија десетици населени места. И денес напредувањето продолжи, има нови резултати. Од 1 септември вкупно се ослободени повеќе од илјада квадратни километри од нашата територија“, рече Зеленски вчера вечерта, пренесе Гардијан.

„Помошта навистина влијае на силата на нашата земја и на цела Европа во одбраната од рускиот терор“

Тој потврди дека Украина ќе добие воена помош од 675 милиони долари од САД и 1 милијарда долари од пакетот составен од многу европски земји.

„Секој од овие чекори на нашите партнери навистина влијае на силата на нашата земја и на цела Европа во одбраната од рускиот терор“, рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.