Зеленски: Од Украина извезени милион тони жито

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја извезла милион тони земјоделски производи преку Црното Море, пренесува Ројтерс.

Loading...

Ова го изјави Зеленски во петокот доцна навечер, при неговото редовно ноќно обраќање пред граѓаните, пренесува Хина.

Барања за уште 70 бродови

„Од првиот ден на август 44 бродови со украинско жито испловија од нашите пристаништа во 15 земји. Севкупно се работи за милион тони производи. Добивме барања за уште 70 бродови“, рече Зеленски, мислејќи на извозот започнат по договорот постигнат со Турција, Русија и Обединетите нации на крајот на јули.

„Целта на Украина и Киев е да извезат три милиони тони во рок од еден месец“, додаде украинскиот претседател.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.