Зеленски: Не се работи за 5 или 10 тенкови, потребни се повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претпазливо реагираше на извештаите дека германскиот канцелар Олаф Шолц се согласил да и достави на Украина борбени тенкови Леопард 2.

Loading...

„Многу труд, зборови и ветувања“, рече тој во своето секојдневно видео обраќање доцна синоќа.

„Но, важно е да се види реалноста“, додаде украинскиот претседател.

„Не се работи за пет, ни десет, ни петнаесет тенкови. Потребата е поголема. Секој ден правиме се што е потребно за да го пополниме недостигот. И благодарен сум на сите што нè поддржуваат во тоа.“

Со месеци Зеленски апелираше до Берлин да му понуди на Киев тешко оружје за да возврати на руските сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес одобри милијарди долари помош за Украина

Разговорите за испорака на тенкови сега мора „да завршат со одлуки за вистинско зајакнување на нашата одбрана од терористите“, рече украинскиот лидер.

По неколкунеделниот зголемен притисок врз Берлин, извори во вторникот рекоа дека германската влада одлучила да ѝ испорача на Украина тенкови Леопард 2.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...