Зеленски лут поради извештајот на Амнести интернешенел

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска негативно го оцени извештајот на Амнести интернешнал, во кој се тврди дека силите на земјата повремено користеле тактики што ги загрозуваат цивилите додека ѝ се спротивставувале на руската армија.

Loading...

Зеленски тврди дека извештајот на Амнести се обидува да ја „префрли одговорноста“ за убиството на цивили од Русија во Украина, пренесува Си-Ен-Ен.

– Денеска видовме сосема поинаков извештај на Амнести интернешнал, кој, за жал, се обидува да ја амнестира терористичката држава и да ја префрли одговорноста од агресорот на жртвата – рече Зеленски, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој посочи дека нема и не може да има, дури и хипотетички, услови под кои секој руски напад врз Украина станува оправдан и додаде дека Русија уништила стотици верски објекти, речиси 900 медицински установи и илјадници училишта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

– Ова е таква неморална селективност. Секој што ја амнестира Русија и кој вештачки создава таков информативен контекст во кој некои напади од терористи се наводно оправдани или наводно разбирливи, мора да биде свесен дека тоа им помага на терористите – оцени Зеленски, пренесува Си-Ен-Ен.

Амнести интернешенел вчера објави извештај во кој се вели дека украинските сили ги изложиле цивилите на ризик со воспоставување бази и поставување оперативни системи за оружје во населени станбени области, вклучувајќи училишта и болници.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.