Зеленски: Благодарам на холандската влада за подготовката за испорака на авиони Ф-16 во Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во петокот се заблагодари на холандската влада за одлуката да започне со подготовка на испорака на првите 18 борбени авиони Ф-16 на Украина.

Loading...

„Исто така, и се заблагодарив на Холандија бидејќи таа активно учествува во отворањето на пристапните преговори на Украина со ЕУ и ја истакнав важноста да се обезбеди помош од ЕУ за Киев во износ од 50 милијарди евра на долг рок“, напиша Зеленски на платформата X по разговорот со холандскиот премиер Марк Руте.

Тој додаде дека двајцата разговарале за случувањата на линијата на фронтот, ситуацијата во Црното Море и воените потреби на Украина, вклучувајќи артилерија, беспилотни летала и воздушна одбрана.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.