Зеленски: 22 милиони тони храна блокирани во украинските пристаништа

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 22 милиони тони храна се блокирани во украинските пристаништа и дека се разгледуваат различни начини за решавање на тој проблем.

Loading...

Зеленски рече дека Русија ги блокирала „сите поморски опции за извоз на прехранбени производи“ и дека „Русија тивко ги краде“, пренесува украинската агенција Интерфакс.

 

Русија: Уништивме украинска единица која користеше американски хаубици

 

„Пченицата се испраќа на друго место. Знаеме каде е“, рече Зеленски по разговорот со португалскиот премиер Антонио Коста.

Зеленски додаде дека пристаништата може да се деблокираат со воени средства и затоа Украина апелира до сојузниците да и достават оружје.