Заврши првото издание на Меѓународниот фестивал на проза во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вчеравечер заврши првото издание на Меѓународниот фестивал на проза.

Loading...

 

 

Домашните автори Николина Андова Шопова, Жарко Кујунџиски, Давор Стојановски, Лира Бојку, Александар Шпатов и Фејзи Бојку читаа фрагменти по сопствен избор од сопствените книжевни остварувања, а модератор беше кумановскиот писател Петар Андоновски.

 

 

Loading...

Целта на манифестацијата беше да се доближи книжевната прозна продукција до читателската публика, да се запознаат со домашните автори и нивните дела, што ќе придонесе до формирање на едно критичко, субјективно мислење, ќе се потикне и формира идниот „читач“.

 

 

На првата фестивалска вечер на тема „Женското писмо и Балканот“, дебатираа Јорданка Белева, Оливера Ќорвезироска и Лејла Каламујиќ.

 

 

Loading...

Фестивалот се одржува за прв пат и е во целосна организација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Куманово.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски