Заврши асфалтирањето на улиците „146“ и „149“ во кумановската населба Карпош

Сподели со своите пријатели

Заврши асфалтирањето на улиците „146“ и „149“ во кумановската населба Карпош, информираа денеска надлежните од секторот за комунални дејности.

Loading...

 

 

За изградба на улицата „149“ од буџетот на општината одвоени се 1.254. 720 денари, додека за улицата „146“ општината на јавна набавка одвои 1.257.337 илјади денари.

 

 

Loading...

Претходно, заврши асфалтирањето на десетина улици во населбата, а беше поставен и бекатон на неколку улички, кои како што појаснија од секторот, поради конфигурацијата на теренот не можеа да се асфалтираат.

 

 

Поголем дел од улиците во оваа населба не беа асфалтирани, надлежните се надеваат дека ќе се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Кумановската населба Карпош е една од најголемите во општината.

МИА