Затворање на гинеколошкото одделение во кумановската болница, бараат надлежните

Сподели со своите пријатели

Општинскиот штаб за заштита и спасување бара времено затворање на Гинеколошко-акушерското одделение при Општа болница Куманово.

Loading...

Ваквото барање следува, откако денеска се регистрирани нови заболени лица меѓу здравствениот персонал на кумановската болница.

– Барање до Министерство за здравство и Комисија за заразни болести времено да се затвори Гинеколошко-акушерско одделение во Општа болница – Куманово, поради новонастанатата состојба со зголемен број на здравствени работници кои се позитивни на тестовите за COVID 19 и воедно да се изврши итна контрола на останатите болнички капацитети во Општа болница – Куманово, да се направи проценка за ризикот и да се овозможи непречена функционалност на останатите оддели во Болницата, како и да се обезбеди дополнителен капацитет на стручни лица во ЦЈЗ – Куманово, стои во заклучокот на Општинскиот штаб.

Никола Ивановски

Leave a Reply