Заталкан куршум оштетил покрив на здравствена установа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Заталкан куршум нанел штета на покрив од објект на приватна здравствена установа во Куманово.

Loading...

– На 12.01.2023 во 11.30 часот во СВР Куманово, Ф.Е.(45) од Куманово пријавила дека од залутано зрно бил оштетен покрив од објект на приватна здравствена установа на улицата „Теофан Економов“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од почетокот на годината ова е трет пријавен случај на заталкан куршум кој нанел некаква материјална штета. Во првите два случаи оштетени беа паркирани возила.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?