Застрашувачки глетки на плажата: Капачите панично бегаа од морето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Капачите кои одмарале на брегот на Црното море прилично се изненадиле кога од водата започнале да се доближуваат неколку пијавици.

Водениот вртлог опасно се доближил во плажата на рускиот ресорт Аркипо-Осиповка, кој во моментот бил преполн со капачи.

Разорната сила на водата снимена е од брего, но и од друга одалеченост и од неколку рибарски бродови.

Како изгледа огнено торнадо на успорена снимка? (видео)

Loading...

Пијавиците инаку се сметаат за слаби торнада, а обично се јавуваат кога студениот воздух се надвива над топла морска вода. Морето како избор на влажност дополнително помага во развој на голема нестабилност на атмосферата и облаите.

Се состои од водени капки кренати од морската површина и кондензирани капки во облакот. При струење на топлиот и ладниот воздух се развиваат облаци кои пијавицата ја хранат со енергија. На височина топлиот воздух се лади, станува потежок од околниот и паќа во форма на студена струја која со кондензација предизвикува појава на врнежи на задната страна на облакот. Кога ослабнува изворот на топол воздух обично пијавиците исчезнуваат.

Пијавиците се шират и пониско кога влажноста на воздухот е поголема. Доколку се счучи од морето да преминат на копно, пијавиците стануваат разорни, но многу бргу исчезнуваат.

Leave a Reply