ЗАРАБОТУВА МИЛИОНИ: Малата Анастасија е една од најплатените на Јутуб сцената (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шестгодишно девојче родено во Русија влезе во листата на најбогати јутубери во светот, според ранг-листата на Форбс.

Loading...

Анастасија Раџинскаја, која го има каналот Настја, сега е на 7-то место на листата на најбогати блогери во светот, со 39 милијарди прегледи минатата година, или заработени 18,5 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Like Nastya (@likenastya)

Настја е родена во рускиот град Краснодар, но сега живее во Флорида, САД.

Каналот „Like Nastya“го води нејзиното семејство и во моментот има околу 66 милиони претплатници.

На снимките, Настја и нејзиниот татко играат со лего коцки, прават домашни задачи, а во последно време објаснуваат работи за коронавирусот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Like Nastya (@likenastya)

Форбс ги опишува снимките на Настја како „живописни“ и „експресивни“. Бидејќи содржината е умерена, видеата за мали деца се омилени.

Loading...

По минатогодишното искачување на листата, Анастасија разви и култна поддршка на „ТикТок“, каде ја следат повеќе од 3 милиони корисници.

Семејството на Настја има 10 канали на платформата, со повеќе од 190 милиони претплатници.

 

Leave a Reply