Запознајте го Google Home Mini (видео)

Сподели со своите пријатели

Google помал „придружник“ за својот Google Home паметен звучник, под името Google Home Mini.

Уредот, чија цена ќе изнесува 49 долари, ќе биде главниот конкурент на Echo Dot моделот на Amazon. Паметниот звучник ќе користи Google Assistant, а сместе е во помал, потивок и поевтин формат.

Google и HTC во зделка вредна милијарда долари

Loading...

Google Home Mini не е дизајниран специфично само за репродукција на музика. Уредот е наменет да го донесе Google Assistant во повеќе соби на домот на корисникот, правејќи го подобар за пронаоѓање вести, креирање распоред, слушање подкаст и испраѓање инструкции на производите на Google.

Google исто така истакнува дека Home Mini ќе може да биде бежично поврзан на било кој звучник со вграден Chromecast.

Google објави дека Home Mini ќе го носи во Јапонија, а мулти-корисничката поддршка ќе биде овозможена на сите Google Home пазари ширум светот.

„Срамни“ прашања за кои бараме одговор од доктор Google

Google Home Mini ќе биде пласиран на пазарот на 19 октомври, а достапен во сива, црна, црвена и бела варијанта. Нарачувањата се достапни уште од денес.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.