Google и HTC во зделка вредна милијарда долари

Сподели со своите пријатели

Со намера да ги засилат своите бизниси на полето на паметните телефони, Google потпиша договор со компанијата HTC вреден 1,1 милијарда долари.

И покрај тоа што американската компанија нема да добие никакви акции во HTC, дел од персоналот на тајванската компанија ќе се придружи во џинот од Силицумската долина.

HTC е еден од посилните играчи на пазарот на паметните телефони, но во последно време се мачи во конкуренцијата со Apple и Samsung.

Google очекува дека овој договор ќе биде реализиран во поечтокот на 2018 година, под услов пазарните регулатори да го одобрат.

Договорот на двете компании е најновиот обид Google да ги засили своите хардверски капацитети кои, според зборовите на потпретседателот на хардверското одделение Рик Остери, допрва се во почетна фаза.

Под условите на договорот, Google ќе добие тим експерти кои ќе развиваат паметни телефони „Pixel“ за американската компанија, која исто така ќе има апсолутен пристап на целата интелектуална сопственост на тајванската компанија.

HTC соопшти дека половина од вработените во нивните истражувачки и развојни одделенија за паметни телефони, околу 2.000 луѓе, ќе преминат во Google.