Започна вонредната седница на НАТО!

Сподели со своите пријатели

Во средата наутро во седиштето на Алијансата во Брисел почна вонредниот состанок на амбасадорите на НАТО на кој ќе се разговара за падот на проектил во Полска, кој не се знае од каде е истрелан, соопштија дипломати.

Loading...

Информациите за седницата со која претседаваше генералниот секретар Јенс Столтенберг беше објавена во вторникот вечерта.

„Важно е да се утврдат сите факти“, рече генералниот секретар во врска со смртоносната експлозија во која загинаа две лица.

Украина ја обвинува Русија за инцидентот, а Москва ја отфрли одговорноста, тврдејќи дека експлозијата била провокација од Западот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги отфрли обвинувањата дека економски ја поддржува руската инвазија на Украина

Полската армија беше во состојба на готовност во средата, еден ден откако ракета падна врз село во близина на границата со Украина.

Полскиот претседател Анджеј Дуда истакна дека во моментот „нема јасни докази“ од каде била истрелана ракетата, „многу веројатно е од руско производство“.

„Во тек е истрага“, рече тој, нагласувајќи дека станува збор за „изолиран“ инцидент.

„Постои голема веројатност да се соочиме со последиците од дејствијата на Русија. Овие последици, за прв пат од почетокот на војната Полска ги чувствува на своја кожа бидејќи полските граѓани загинаа“, рече Павел Јаблонски, заменик полски министер за надворешни работи, во средата за агенцијата ПАП.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

Во селото Пржеводову, каде што ракетата уби две лица, безбедносните сили подигнаа ограда околу областа каде што падна, пренесе АФП.

Полициските сирени трепкаат додека дождот паѓа од сивите облаци.

Западните земји ѝ дадоа поддршка на Полска по инцидентот, а американскиот претседател Џо Бајден рече дека ракетата „најверојатно не е истрелана од Русија“, но има индиции дека станува збор за украинска ракета на системот за противвоздушна одбрана.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.