Започна евакуацијата на цивилите од Херсон

Сподели со своите пријатели

Руските сили во областа Херсон, во јужна Украина, денеска објавија дека почнале да евакуираат цивили од тој град поради очекуваните напади на украинските војници.

Loading...

„Организираното префрлање на жителите на другиот брег на Днепар започна во Херсон“, соопштија од руската управа на градот Олешки, источно од Херсон преку Телеграм.

Руските сили кои го контролираат регионот Херсон планираат да евакуираат повеќе од 50.000 луѓе поради украинската контраофанзива, а Русија најави дека ќе обезбеди „безбедна евакуација“.

„Планирана е евакуација на меѓу 50.000 и 60.000 луѓе на левиот брег на реката Днепар“ кај Херсон, изјави претходно денеска шефот на локалната проруска администрација Владимир Салдо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

Планирано е евакуацијата да трае шест дена и да се одвива со темпо од 10.000 луѓе дневно.

Агенцијата Риа Новости јави дека евакуацијата со чамци преку реката веќе е започната.

Повикувајќи се на зборовите на неименуван проруски функционер, агенцијата наведува дека евакуираните луѓе можат да одат во Русија, пренесува Бета.

На населението му било кажано да се евакуира преку СМС пораки на локалната мобилна мрежа пред бомбардирањето од страна на украинската армија.

Loading...

Рускиот генерал Сергеј Суровикин, кој ги предводи руските сили во Украина, синоќа за телевизијата „Русија 24“ изјави дека руската армија пред се ќе обезбеди безбедна евакуација на населението од Херсон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес одобри милијарди долари помош за Украина

Генералот Суровикин синоќа изјави дека ситуацијата „во зоната на специјалната воена операција е напната“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.