Западот работи на нов план за вооружување на Украина

Сподели со своите пријатели

Западните влади ги мобилизираат своите производители на оружје за да го зголемат производството и да ги надополнат залихите на оружје, кои се значително намалени бидејќи минатите испораки во Украина прилично ги исцрпија, пренесува АФП.

Loading...

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин организира состанок на клучните претставници на оружје од сојузничките земји за да направат долгорочни планови за снабдување на Украина и обнова на сопствените резерви на оружје.

„Тие ќе разговараат за тоа како нашите одбранбени индустриски бази можат најдобро да ги опремат идните украински сили со оружјето што им е потребно“, рече тој на состанокот на украинската Контакт група, 50 земји кои обезбедуваат вооружена поддршка за Украина, во воздухопловната база Рамштајн во Германија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Шефот за набавка на оружје на Пентагон, Бил ЛаПланте рече дека средбата ќе се одржи во Брисел на 28 септември.

„Целта беше да се утврди како можеме да продолжиме да работиме заедно за да го зголемиме производството на клучните оружја, да ги решиме проблемите со синџирот на снабдување и да ја зголемиме интероперабилноста на нашите системи“, рече ЛаПланте за новинарите во Пентагон.

Од почетокот на конфликтот НАТО испрати оружје и воена опрема во Украина во вредност од милиони долари, вклучително и мобилни ракетни системи Химарс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина