Западниот Балкан и тензиите во Косово се теми на состанокот на НАТО

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата на Западен Балкан и тензиите меѓу Србија и Косово ќе бидат меѓу темите на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО што почнува денеска во Брисел.

Loading...

Во фокусот на средбата ќе бидат руската војна против Украина и војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пред средбата изјави дека шефовите на дипломатиите на земјите членки ќе разговараат за можноста за постојано зголемување на бројот на членовите на мисијата КФОР на Косово.

„Неодамна го зголемивме нашето присуство во Косово со испраќање дополнителни 1.000 војници. Сега проценуваме дали ова треба да биде потрајно зголемување“, изјави Столтенберг за новинарите на конференцијата еден ден пред почетокот на дводневниот состанок на дипломатите на НАТО во Брисел.

НАТО го зголеми присуството на Косово по судирот меѓу вооружената група Срби и косовската полиција на 24 септември во селото Бањска.

НАТО сега има 4.500 војници распоредени на Косово.

Столтенберг рече дека на состанокот ќе се разговара и за „сецесионистичката и разделничка реторика“ во Босна и Херцеговина и „злонамерните обиди да се поттикне несогласување, вклучително и оние од Русија“.

Министрите членки на НАТО ќе разговараат за начините за зајакнување на стабилноста на Западен Балкан заедно со шефот на европската дипломатија Жозеп Борела, додаде Столтенберг.

Loading...

Според најавите од Брисел, за време на дводневниот состанок, министрите ќе ја потврдат својата поддршка за одбраната на Украина од руската инвазија и ќе разговараат за подготовките за самитот во Вашингтон во јули 2024 година, на кој ќе се одбележи 75-годишнината од НАТО, беше објавено во Брисел.

Во Брисел за првпат ќе се сретнат и министрите на Советот НАТО-Украина, тело формирано на последниот самит со цел да се подобри соработката и координацијата, но и да се помогне во подготовката на Киев за членство.

„Сојузниците ќе продолжат да ја поддржуваат самоодбраната на Украина додека Русија не престане со својата агресивна војна“, изјави помошникот државен секретар на САД за Европа Џим О’Брајан.