Заминала од Бугарија во Германија да заработи, а поранешното момче ја убило во супермаркет

Сподели со своите пријатели

Вистинската драма се случила во еден познат супермаркет во Мерфелден-Валдорф, Германија, кога маж неколкупати пукал во својата поранешна партнерка, а потоа се самоубил.

Loading...

Во моментот на нападот, маркетот бил полн со муштерии.

Ајсел И.(38) со месеци се борела со демнењето на бившиот партнер, додека во понеделникот во 19 часот и 15 минути не влегла низ задниот влез на продавницата, пукал во неа, а потоа и во себе.

Новинарите на Билд го пронашле нејзиниот брат како плаче на местото на злосторството.

„Таа беше мојата единствена сестра. Беше толку забавна, весела и дружељубива. Работеше напорно, учеше германски деноноќно. Беше продавачка со срце и душа и беше многу популарна”, рекол нејзиниот брат.

Ајсел, која по потекло е од Бугарија, живеела во Германија веќе 13 години, а само една година работела во супермаркетот Алди каде што била убиена.

Таа и нејзиниот поранешен партнер, кој исто така по потекло е од Бугарија, биле во врска пет месеци, но раскинале додека биле на одмор во родната земја.

Во моментот кога нејзиниот поранешен партнер влегол во продавницата, Ајсел ја пакувала робата на полиците.

Loading...

Тој и пришол, почнале да разговараат. По неколку минути извадил пиштол и пукал кон неа. Во тој момент во продавницата биле и нејзините колеги и клиенти.

Еден куршум ја погодил Ајсел во главата.

„Ја уништи. Ајсел беше очајна, не ја остваше на мира. Еднаш ми рече „ќе заминам на работа и никогаш нема да се вратам дома. Тој ќе дојде и ќе ме убие“. Дури ми се закануваше, ме обвинуваше дека ние двете сме во врска“, изјави нејзината најдобра пријателка.

Пријателите и роднините на убиената наведуваат дека таа неколку пати била во полиција.

Ангажирала и адвокат, а на наводниот убиец му била изречена мерка притвор.

Поради нападот во продавница на 15 февруари, било закажано рочиште меѓу поранешните партнери.

Таа го обвинила за нанесување тешки телесни повреди, но ниту тоа не го спречило лудиот Бугарин да ја убие додека била на работа.