Захарова: САД ќе ја преминат црвената линија ако испратат проектили со долг дострел во Украина

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за надворешни работи во четвртокот објави дека ако САД одлучат да му достват на Киев ракети со долг дострел, ќе ја преминат „црвената линија“ и ќе станат „учесник во конфликтот“.

Loading...

На брифингот, портпаролката на министерството, Марија Захарова, нагласи дека Русија „го задржува правото да ја брани својата територија“.

Вашингтон ја снабдува Украина со напредни ракети кои можат да погодат цели оддалечени до 80 километри и досега се воздржуваше од јавно објавување дека ќе испрати ракети со двојно поголем дострел.

Американските власти соопштија дека Украина ветила дека нема да користи американски ракети за напад на руска територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го повика Претставничкиот дом итно да одобри помош за Украина и Израел

– Доколку Вашингтон одлучи да го опреми Киев со ракети со поголем дострел, тогаш ќе ја премине црвената линија и ќе стане директен учесник во конфликтот – изјави Захарова.

Украина бараше и доби големи количини оружје од САД и другите западни сојузници за да се одбрани од руските сили кои беа испратени во Украина во февруари.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.