Захарова ги обвинува Украина и Западот за напади врз Запорожје

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го обвини Западот дека врши притисок врз мисијата на МААЕ во електраната, пренесе РИА Новости.

Loading...

Таа исто така рече дека Украина ги координира нападите врз објектот со помош на САД и другите западни земји.

Захарова изјавила дека Русија ѝ доставила на МААЕ целосни податоци за изворот на гранатирањето на Запорожје и прашала зошто организацијата во својот извештај не ја споменала Украина како извор на нападот на нуклеарната централа, пренесува РИА Новости.

МААЕ во вторникот повика на прекин на гранатирањето во близина на централата и за итно воспоставување безбедносна зона околу централата во извештајот објавен по нејзината инспекција во Запорожје минатата недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

Објектот е под контрола на руските сили од март, но украинскиот персонал сè уште работи таму и е поврзан на електричната мрежа на Украина.

И Киев и Москва се обвинуваат меѓусебно дека испукале проектили кон централата, што предизвикува страв од нуклеарна катастрофа слична на Чернобил.

Украина негира дека го нападнала објектот и ја обвинува Москва дека стационира тешко оружје во нуклеарната централа, што Русија го негира, наведува Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...