За децата, загатките се користат за развој на логично размислување, но исто така и за разбирање на апстрактни концепти.
Подготвивме за вас неколку интересни загатки кои се подготвени за деца и ќе ги намачат дури и постарите членови на семејството.
Загатка која збуни многумина: Во која кутија е автомобилот? (ФОТО)
Дали го знаете одговорот на следните загатки:
1. Ти си мојот син, а јас не сум твој татко – кој го рекол тоа?
2. Во торбата има 10 бели и 10 црни чорапи. Колку најмалку чорапи треба да извлечете за да имате пар чорапи?
3. Лекарот ви препишал три таблети и ви рекол дека треба да ги земате во период од половина час. Колку време ќе помине помеѓу првата и последната таблета.
Само 2% од луѓето на светот може да ја решат оваа загатка стара речиси 90 години (ВИДЕО)
4. Еден археолог тврди дека пронашол паричка на која е испишана годината 46 г. п.н.е. Дали му веруваш?
5. Поделете 30 со 1/2 и додадете 10. Каков е резултатот.
Загатка која многумина ја решаваат погрешно, ќе успеете ли вие?
Доколку не сте сигурни, решенијата можете да ги видите подолу:
1. Мајка
2. Две, никаде не е спомнато дека мора да има пар исти чорапи.
3. Точно 1 час. Првата таблета на почетокот на часот, втората таблета по 30 минути и третата по следните 30 минути.
Загатка која го полуде светот: Шансите мажите да ја решат се минимални!
4. Не, во 46 година п.н.е. не можеле да знаат колку е тоа години пред Христа.
5. Точниот резултат е 70. 30 поделено со 2 е 15, но 30 поделено со една половина е 60. Значи 60 + 10 = 70.