Загина тракторист од Крива Паланка откако паднал во провалија

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а друго е повредено, откако 55-годишен жител на кривопаланечко со трактор паднал во провалија.

Loading...

– На 09.02.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на регионалниот пат Крива Паланка-с.Огут, на место викано „Падини“, атар на с.Габар, М.Р.(55) од с.Габар, управувајќи трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, излетал од коловозот и паднал во провалија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во незгодата, на местото починал М.Р., а сопатникот С.П.(55) од с.Габар не се здобил со повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Никола Ивановски

Leave a Reply