Загина 13-годишно дете од Куманово при судир на тротинет и „мерцедес“

Сподели со своите пријатели

Тринаесетгодишно дете од кумановското село Черкези го загуби животот вчеравечер при судир на тротинет и „мерцедес“.

– На 28.05.2026 околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во селото Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од село Черкези, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по несреќата малолетникот бил пренесен во Општата болница Куманово каде од страна на лекар констатирана била смрт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петковска: Вештачката интелигенција ја потиснува природната интелигенција кај младите (ВИДЕО)

– Во 21:20 часот во Полициската станица Куманово возачот бил лишен од слобода, стои во соопштението.

Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски